Во Скопје вчера 13 сообраќајки, шест лица повредени

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 13 сообраќајни несреќи, од кои осум се со материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, а со телесни повреди еден возач на мопед.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи за време на управување на возилото го користеле мобилниот телефон, како и четворица возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се шест нерегистрирани возила, четири лица без возачка дозвола, 15 непрописно паркирани возила и пет возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 38 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он