Во Скопје формирана Градската организација на Движењето ЗНАМ

Од:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и официјално ја формираше својата Градска организација во Скопје, со што започнува нова фаза на политичко организирање во главниот град. За претседател на скопската организација едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротрехника и информациски технологии и актуелен заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во новоформираниот тим се вклучуваат истакнати професионалци, академици, спортисти, уметници и активисти, кои, како што велат од движењето, претставуваат интелектуалниот и граѓанскиот потенцијал на Скопје.

Меѓу нив се издвојуваат:

Проф. д-р Горан Ајдински – редовен професор на Филозофскиот факултет

Генерал Горанчо Котески – поранешен началник на Генералштабот на АРМ

Проф. д-р Билјана Андреска-Богданоска – ректор на Европски универзитет

Јорданчо Давитков – поранешен кошаркарски селектор

Љупчо Марковски – Калц – фудбалска легенда и поранешен капитен на Вардар

Проф. д-р Радмила Чрчева Николова – факултет за ветеринарна медицина

М-р Александра Цветановска – експерт по деловно право и активистка

Од Движењето порачуваат дека со оваа организација започнува „политичка борба заснована на принципи, вредности и визија“. Според нив, Скопје долго време било симбол на отпор и солидарност, но денес е соочено со проблеми како бирократија, корупција и урбанистички хаос.

„Наша цел е да го вратиме гласот на граѓаните, да изградиме платформа за нови решенија и да ја ослободиме креативната и граѓанска енергија на Скопје“, се наведува во соопштението.

Градската организација на ЗНАМ – Скопје ќе делува како „бастион на слободата, визијата и урбаната култура“, се вели во пораката на движењето, кое се дефинира како политички дом на слободни и одважни луѓе.

Би можело да ве интересира

Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

А1он

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена – промената во Центар е неизбежна!

А1он

Димитриевски: Освоив гласови колку што и останатите шест противкандидати

Димитриевски: В недела се избира насока, иднина – се избира меѓу празни ветувања и вистински резултати

А1он

Ѓорѓиевска: СДСМ и Мартин Костовски во очајнички обид да се спасат од агонија, измислуваат физички напад

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Не ветувам чуда – ветувам знаење, посветеност и одговорност