Во Штип прва студентска научна конференција по историја и археологија

Од:

Студентите од факултетите за историја и археологија од универзитетите „Гоце Делчев“-Штип и „Свети Кирил и Методиј“-Скопје денеска ја имаа првата студентска научна конференција, на која 13 студенти од двата универзитета ги презентираат своите истражувања од областа на археологијата и историјата.

Студентот на Факултетот за образовни науки(ФОН)-катедра за историја и археологија –Штип, Бисера Срцева изјави дека за првпат студентите имаат научна конференција на која нивните професори ќе слушнат и ќе ги видат истражувањата за најразличните периоди на македонската историја.

– На конференцијата застапени се сите историски периоди. Имаме вклучено и студенти по археологија и презентации од праисторија, за античкиот, средовековниот период и секако современиот период. Имаме и презентации кои даваат и еден приказ, ги сублимираат сите оние истражувања кои се случиле во македонската историографија, појасни Срцева.

Студентот Филип Лолески од универзитетот „Свети Кирил и Методиј “-Скопје истакна дека првичната цел на оваа студентска научна конференција е да се оствари соработка меѓу студентите на двата универзитета.

– Се надеваме дека идните генерации ќе ја продолжат оваа традиција. Сепак, ова се случува прв пат и добро е што темите за студентите се слободни и секој студент може да зборува за кој период сака, посочи Лолески.

Студентите велат дека ваквите научни конференции покажуваат дека тие сакаат да истражуваат во делот на историјата и археологијата. Нивните истражувања ќе бидат објавени во Електронски зборник кој ќе биде објавен и достапен за јавноста да ги прочита.

Универзитетскиот професор на ФОН-катедра за историја и археологија-Штип, Трајче Нацев рече дека денеска виделе и слушнале интересни истражувања од страна на студентите, а притоа користејќи ги публикациите, архивите, библиотеките и резултатите од археолошките истражувања, кои ги прават уште во првата година. Тој истакна дека минатата година студентите од Штипскиот универзитет учествувале во археолошки истражувања на локалитетот Вардарски Рид во Гевгелија и во проектот Пајонски утврдувања и населби по течинето на реката Брегалница, а исто така учествуваат и во истражувањата на Заводот и Музеј –Струмица.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март