Во Штип научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“

Од:

Правниот факултет и Центарот за правно-политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) –Штип ја организираат првата научна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет“. Конференцијата ќе трае во наредните три дена, а на неа ќе бидат презентирани 125 научни трудови, пристигнати од 52 универзитета од светот.

Деканот на Правниот факултет при УГД-Штип, Јован Ананиев вели дека темата на конференцијата се разгледува интердисциплинарно и затоа има панел дискусии за економските, правно-политичките, комуниколошки и образовен аспект.

– Мене ми е задоволство што сепак ќе имаме и можност да воспоставиме и соработка со наши партнерски факултети и тоа ќе биде отварање нови врати за идна соработка, вели Ананиев.

Научната конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ ја отвори претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, кој истакна дека Штипскиот универзитет како најмлад во земјава заслужува пофалби за одлично организираната конференција, а за темата вели дека е исклучително комплексна и ги вклучува економските, правните, политиколошките, социолошките, демографските проблеми на сегашниот развој.

– Мислам дека зборот на науката во однос на сите тие аспекти и тоа е како значаен денеска, кога нашето општество, мислам тука и на нашето македонско општество се подготвува за премин кон постранзициски период. Периодот на транзиција според мене е завршен, поставени се основните темели на новото општество, плуралистичко, демократско, владеење на правото, сега треба да се размислува понатаму за иновативно, инклузивно општество, потоа за интегрирано рефлексивно општество, кој е нов концепт, вели Камабовски.

Проректорот за наука при УГД-Штип, Блажо Боев вели дека Штипскиот универзитет и понатаму ќе продолжи да ги поддржува научните конференции и сите проекти кои се во интерес на развојот на факултетите.

На научната конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ научниците од 52 универзитети ќе ги презентираат своите научни трудови но и ќе дебатираат за глобализацијата, какви промени носи технологијата, но и за проблемите со миграцијата, кои ги имаат одредени европски земји, потоа за бегалските кризи и правата на граѓаните во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски