Во Пробиштип уништени лозовите и овошните насади од мразот

Од:

Комисиите за проценка на штетите на земјоделските култури во Општина Пробиштип од денеска излегуваат на терен за да направат увид на штетите од пролетниот мраз на лозовите и овошните насади.

Раководителот на подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ранко Давитков денеска изјави дека земјоделците од пробиштипскиот регион имаат претрпено големи штети, кои според првичните проценки се околу два милиони евра.

– Значи станува збор за 320 хектари овошни насади и 160 хектари лозови насади, кои имаат 100 проценти штета од мразот. Ова се големи површини. Лозовите насади, вишните и сливите се 100 отсто уништетни. Мислевме дека јаболката и крушата имаат штета од 80 до 90 отсто, но еве сега сме на терен и можете да видите дека и тие се 100 отсто уништени, вели Давитков.

Тој информираше дека пробиштипските земјоделците штетите од мразот можат да ги пријавуваат до 10 мај. Потребно е да се достават пријави, трансакциска смета, имотен лист или договор за закуп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он