Во Пробиштип се реконструира улицата „11 Октомври“

Од:

Во Пробиштип се реконструира улицата „11 Oктомври“, една од најфреквентните во градот. Средствата за зафатот, околу пет милиони денари, се донација од европски фондови.

dobivaj vesti na viber

– Со овој проект се комплетно опфатени поставување нов асфалтен слој, нови тротари од двете страни со ширина од еден и пол метар, како и поставување атмосферска канализација, рече градоначалникот Тони Тоневски.

Планирано е на „11 Октомври“ да се постави и ново улично осветлување со 14 канделабри на кои ќе се инсталираат енергетски штедливи светилки. Рокот за реализација на овој инфраструктурен проект е шест месеци.

Општина Пробиштип минатата година на оваа фреквентна улица инвестираше во реконструкцијата на фекалната канализација.

Би можело да ве интересира

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Тешко повреден млад рудар во рудникот Добрево

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Спасовски: Во периодот на современ развој, Пробиштип забележа експанзија во речиси сите области

Ана Ололовска

Загинатиот на ридската трка во Пробиштип е долгогодишниот автомобилистички судија Кире Андреевски

А1он