Во Пробиштип се гради Градска капела

Од:

Завршуваат градежните работи на Градската капела во Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски информира дека деновиве со подобрување на временски услови стартувала доизградбата на капелата, која чини околу осум милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.

-Во моментов се работи на капелата, надворешно речиси е затворена, поставена е изолација. Во моментов се работи на поставување на прозорците, вратите и на внатрешното уредување, истакна Тоневски.

Градската капела во Пробиштип се очекува да биде ставена во употреба за околу еден месец, кога треба да завршат сите градежни работи. Објектот е со површина од 300 м2, а предвидено е и да се набават ладилници и да се опреми по сите стандарди за погребалните услуги. Инаку, секоја општина согласно законските прописи мора да има Градска капела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он