Во Пробиштип реконструирана улицата „Славко Баев“

Од:

Во Пробиштип во тек се повеќе инфраструктурни проекти, а денеска заврши комплетната реконструкција на улицата „Славко Баев“ во централното градско подрачје.

Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски истакна дека реконструкција на улицата се одвивала во две фази.

– Во првата фаза се направи нов канализациски крак за атмосферската канализација, кој го работеше нашето комунално јавно претпријатие. Во втората фаза, односно сега во моментов се работат последните подготовки за асфалтирање на улицата. Се очекува и денеска да биде целосно завршена оваа улица, рече Тоневски.

Тој истакна дека реконструкцијата и санацијата на улицата е во рамки на Програмата на општина Пробиштип за 2017 година. Овој проект чини 1. 800.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он