Во Пробиштип по седми пат „Зелникот на баба“

Од:

Манифестацијата „Зелникот на баба“ денеска по седми пат се одржа во рударскиот град Пробиштип. Пензионерки и вредни домаќинки од 16 општини во земјава, но и од соседството, ги покажаа своите вештини и начинот како се прави еден зелник во нивните родни краеви.

Дека навистина се работи за гурмански специјалитети покажа и побарувачката, па за многу кратко време зелниците беа распродадени. Калина Манева од село Ратавица во општина Пробиштип вели дека се што имале да понудат го продале на гостите.

– Многу брзо ги распродадовме. толку многу вкусни јадења имавме, рече Манева.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека „Зелникот на баба“ е во организација на локалната самоупрaва и има хуманитарен карактер.

– Имавме навистина преубави трпези денеска од страна на учесниците. Собраните средства општина Пробиштип ги донира на семејства на кои најмногу им се потребни, рече Атанасов.

Манифестацијата е добра можност пред посетителите да се претстават ракотворби и стари веќе заборавени вештини, како што е производството на свилен конец за ткаење на кошули.

Калина Манева се уште произведува конец од свилена буба.

– Ова е свилената буба што ја одгледувале нашите баби и мајки, се користела за изработка на кошули, но денеска нема кој да ја користи, рече Манева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он