Во Пробиштип квалитетот на воздухот е на задоволително ниво

Од:

Квалитетот на воздухот во градот Пробиштип и во близина на индустриската зона е на задоволително ниво и покрај тоа што почна грејната сезона, соопшти денеска градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Мерните станици покажуваат присуство најмногу до 23 милиграми на м/3 ПМ честички во воздухот, а дозволената граница е 50 милиграми на м/3 ПМ честички. 

Општина Пробиштип пред неколку месеци постави две мерни станици, во центарот на градот и кај индустриската зона, каде што се наоѓаат фабриките. Резултатите од мерењето се објавуваат на веб-страницата на општината.

– На веб-страницата на општина Пробиштип се објавуваат податоците од едната мерна станица, бидејќи за втората мерна станица има проблем со пренесувањето на информациите преку интернет. Но, очекуваме овие денови да биде надминат овој проблем. Инаку овие податоци од оваа мерна станица ги вадиме, ги обработуваме и ги информираме граѓаните. Досега квалитетот на воздухот во нашата општина е на задоволително ниво. Доста е ниска концентрацијата на ПМ честички, многу пониска од максимално дозволената граница, рече Тоневски.

Тој најави дека во 2017 година ќе бисе поставена и трета мерна станица, која ќе биде обезбедена од средствата од буџетот.

– На оваа мерна станица покрај тоа што ќе се мерат ПМ честичките во воздухот ќе се мерат и други материи, кои што се штетни за здравјето на луѓето, како што е присуство на сулфур. Така што постојано ќе имаме мониторинг на квалитетот на воздухот, рече Тоневски.

Општина Пробиштип е првата  општина во источна Македонија, која постави мерни станици годинава со цел граѓаните да бидат информирани за квалитетот на воздухот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он