Во Прилеп се е во знакот на пивото и скарата, убавото дружење и музиката.
Сите се тука, во центарот на Прилеп и гости од Балканот и добронамерници од цела Македонија.
Се е раздвижено, расположено во очекување на официјалниот старт на јубелејниот „Пивофест“.
Екипата на А1 овие денови е во Прилеп, ќе ве информира за се што се случува на „Пивофест 2012“, и околу фестивалот.
Еве ја атмосферата пред означувањето на фестивалот на пивото.