Во Прилеп 294 лица заболени од грип

Од:

Од почетокот на сезоната, средината на ноември, до денеска во Прилеп се регистрирани 294 лица заболени од грип, што е за 100-ина повеќе од истиот период лани, информира епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Периодот на грипот годинава, укажа, е порано за три до четири недели.

– Само минатата недела имаше 81 заболен. Засега нема хоспитализирано лице поради последици од грипот. Ова е среден интензитет на грипот, зашто сезоната допрва доаѓа, посочи Станимировиќ.

Според препораките, утре попладне и в сабота ќе се врши вонредна дезинфекција во градинките, а за распустот во училиштата.

– Со вонредната дезинфекција утре попладне и в сабота ќе бидат опфатени сите градинки во прилепскиот регион, а во текот на распустот и училиштата. Во јавните здравствени установи, пак, како болниците, дезинфекција ќе се врши на две недели. Препораките се да се намали дружењето, да се конзумираат течности и витамини и повеќе да се внимава, вели Станимировиќ.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип