Во пожар во делчевското село Габрово изгореа 25 тони сено

Од:

Во делчевското село Габрово изгореа околу 25 тони сено, во пожар кој синоќа зафати имот на жител на селото. Според информациите на Територијалната противпожарна единица, која интервенирал на самото место, пожарот бил пријавен околу 23:30 часот.

-Веднаш со свој екипаж интервениравме на местото каде гореше запалената слама сопственост на семејството Јаневски. Беше интервенција од поголем обем бидејки изгореа околу 25 тони сено, информираа од ТППЕ Делчево, потенцирајки дека причината за пожарот не е позната.

Гаснењето траело цела ноќ, а пожарот целосно бил локализиран во утринските часови.

Имајки ги предвид високите температури, од делчевската птотивпожарна единица апелираа да не се пали оган на отворено, и да се почитува забраната за движење во шума.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он