Во Пласница татко осомничен за силување ќерка

Од:

Дваесет и четири годишна девојка со умерена ментална попреченост од општина Пласница вчера во полициската станица во Кичево пријавила дека нејзиниот 55 годишен татко неколкупати и извршил обљуба.

Осомничениот е лишен од слобода и против него по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Според пријавата, таткото ја силувал ќерката во нивниот дом во последните два месеца, а последен пат завчера околу 06:40 часот.

По увидот од екипите на надворешната канцеларија за кривични работи Кичево за случајот е известен кичевскиот Центар за социјални работи, извршен е разговор со девојката и е однесена на гинеколошки преглед во Општата болница Кичево.

Би можело да ве интересира

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

А1он

Ја силувал и ја уценувал, и се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Катерина Ѓуровски

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Малолетник силуваше девојче, а негов другар снимаше со телефон

Силување во Дојран: Не смееш да бидеш со друг