Во Општина Старо Нагоричане ќе се градат пет локални патни правци

Од:

Општина Старо Нагоричане ја заврши потребната документација за изградба на пет патни правци на подрачјето на општината, информираше градоначалникот на општината Милован Стојковски.

Тој истакна дека преку Светска Банка се добиени средства во вредност од 260.000 евра за изградба на два патни правца од Меморијалниот Центар АСНОМ до Враготурце во должина од 1,2 километри и патен правец до маалото Еребичарци, исто така, во должина од 1,2 километри.

– Тендерот ќе биде распишан преку Министерството за финансии и се надевам дека ќе се изградат овие два патни правца, изјави Стојковски.

Преку Североисточниот регион, преку ИПА фондот, општината Старо Нагоричане заедно со општина Куманово, доби средства за изградба на патниот правец Четирце-Никуљане, во должина од приближно 2 километра. Патот од страна на општина Куманово е речиси завршен, остануваат уште 800 метри пат во опфат на Старо Нагоричане, кои според Стојковски ќе се завршат наесен. Градоначалникот на Старо Нагоричане, информираше дека во тек е поднесување на документи за издавање дозвола за градба на овој патен правец.

Тој појани дека целосно е завршена проектната документација за изградба на дополнителни два патни правца, со чија што изградба, рече, се доцни една година. Станува збор за патните правци Арбанашко – Дејловце над Кокино каде што треба да се изградат 3 километри пат и патот од Бајловце кон село Цвиланце во должина од 2 километри.

– Имавме проблеми со документација, сега ќе издадеме дозволи за градби на овие патни правци, изјави Стојковски.

Би можело да ве интересира

Проширена е истрагата против 25-годишниот овчар – сериски убиец од Старо Нагоричане

Проширена е истрагата за осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, ќе се врши нова ексхумација

Судската медицина потврди: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Горан Наумовски

Oсомничениот сериски убиец е зад решетки, а во Старо Нагоричане се уште владее страв и неизвесност

А1он

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Пожари на повеќе локации во општина Старо Нагоричане