Во ООУ „Никола Карев“-Пробиштип се реконструира затворениот базен

Од:

Со низа на спортски активности, наградување на талентираните учиници на литературниот и ликовниот конкурс, како и со положување на букети цвеќе на бистата на револуционерот Никола Карев денеска се одбележува патрониот празник на Општинско основно училиште (ООУ) „Никола Карев“ во Пробиштип.

Директорка на ООУ „Никола Карев“-Пробиштип, Голубина Алексова истакна дека веќе 31 година на достоен начин се одбележува патрониот празник. Во ова училиште во кое се наоѓа единствениот затворен базен во источниот регион во тек е неговата реконструкција.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски рече дека по реконструкцијата на затворениот базен покрај тоа што ќе го користат учениците, во текот на попладневните часови и за време на викендите ќе го користи и пливачкиот клуб.

-Оваа година ООУ „Никола Карев“ од своите средства кои што ги добиваат како блок дотации со домаќинско и рационално работење обезбеди 2.300.000 денари да ги инвестира во постоечкиот затворен базен, кој се наоѓа во самото училиште, бидејќи беше многу оштетен и не беше во функција. Со оваа инвестиција децата кои учат во ова училиште ќе можат на часовите по физичко воспитување да тренираат пливање, посочи Тоневски

Тој додаде дека дополнително од буџетот на општина Пробиштип ќе се обезбедат средства и за затоплување и одржување на затворениот базен.

Директорката на ООУ „Никола Карев“, Голубинка Алексова најави дека на почетокот на мај ќе распишат и тендер за реконструкција на отворените спортски терени.

-Ова реконструкција очекуваме да носи една добра сума од два милиони денари кои навистина се трудиме да ги употребиме таму каде што најмногу се потребни. Како што знаеме Прбиштип е спортски град има доста спортски терени, меѓутоа нашето училиште малку е на страна и секако потребни се и за реализација на редовната настава, рече Алексова.

Таа забележа дека реконструкцијата на затворениот базен и на отворените спортски терени на ООУ „Никола Карев“ –Пробиштип ќе дадат еден поубав и посовремен белег на самото училиште, а учениците ќе имаат квалитетни услови за едукација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он