Во Охрид одржан традиционалниот Осмомартовски марш на СДСМ

Од:

По повод Меѓународниот ден на жената Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Охрид го организираше традиционалниот Осмомартовски марш, оваа година одржан под мотото „Ти си таа промена – заедно за Македонија“.

Пред членките на партијата свои обраќања на Градскиот плоштад во Охрид имаа највисоките партиски кадри, предводени од претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Вашата верба, доверба и самодоверба изминатиот период, но и внатрешната желба за слобода ја носи и слободата на Македонија. Секој индивидуален порив за промени го јакне заедничкиот порив кој ќе ги донесе промените. Промените ги почнавме, а вие сте промената за нашата заедничка Македонија, им порача Заев на жените од СДСМ.

Потсетувајќи на активностите на социјалдемократките низ историјата, преку Клара Цеткин и Роза Луксембург кои го дигнале својот глас за правда, слобода и рамноправност на жените, Заев меѓу другото истакна дека некогаш 8 март имал многу поголемо значење, ден на вистинска борба за човекови права, достоинство, почит.

– Со овој марш ја покажуваме решителноста за продолжување на борбата за правда, солидарност, еднаквост, борба за враќање на човековите вредности, за жал изминатиот период изгубени во оваа земја, рече тој.

Тој истакна повеќе мерки од програмата на СДСМ за подобрување на животот на жената во општеството, како регистар за прекувремени часови со цел да не се кријат обработените часови на жените работнички, поттикување на основање синдикати во секој правен субјект што ќе ги штити правата на работниците, обезбедување заштитни механизми за спречување какво било насилство врз жените, државна поддршка за зголемување на бројот жени претприемачи, поддршка за жените фармери, втора смена во детските градинки, флексибилно работно време за мајките со мали деца, унапредување на работното законодавство за дополнителна заштита за жените работнички…

Заменик-претседателот на партијата Радмила Шекеринска од Охрид меѓу другото порача дека тоа е собир на силните жени.

Свои обраќања пред жените-активистки на партијата имаа и генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и координаторот на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија