Во новиот извештај: Исклучена диверзија или терористичкио акт за падот на „Кингерот“

Од:

За време на падот на авионот во кој загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски немало експлозија, ниту пожар и нема трагови кои би упатувале на диверзија или на терористички чин, е ставот на истражната комисија наведен во извештајот, кој вчера му беше предаден на јавното обвинителство на Босна и Херцеговина и на Министерството за транспорт и комунникации на БиХ.

Се очекува конечниот извештајот шефот на меѓународниот истражен тим Омер Кулиќ, кој в сабота ќе допатува во Република Макеоднија, да му го предаде и на македонското обвинителство и на властите.

Како што јави Федералната телевизија на Босна и Херцеговина, за несреќата во која загинаа претседателот Трајковски и осум други лица од државната делегација, влијаеле серија критични пропусти, случувања и услови.

– Директна причина за несреќата било спуштањето на авионот под минимално пропишаното ниво, а на тоа влијаела недоволната, неквалитетна и нецелосна подготовка на екипажот за приод и слетување, игнорирање на информациите од контролорите на летот за моменталната метеоролошка ситуација, погрешно одредување на финалната точка за приод, што довело до преран почеток на снижување, исклучување на автопилотот во фаза на приод, недоволна тимска работа на членовите на екипажот, неодржувањето на хоризонталниот лет од страна на пилотот и несоодветна реакција на копилотот, се посочува меѓу другото во извештајот.

Екипажот, кој е променет 15 дена пред летот, се подвлекува, не бил доволно подготвен.  Пилотот и копилотот само делумно се запознати со временската состојба, а авионот, иако имал уверение за летање, всушност „не бил за летање“.

Таканаречената црна кутија, која ги бележи клучните параметри на летот, била неисправна, а екипажот не ја обработил стандардната подготовка за непрецизен приод.

– Да не бил исклучен автопилотот во завршната фаза на приоањето, авионот наместо несречата, би прелетал на висина од 68,82 метри, стои во извештајот што го предал Кулиќ, јави Федералната телевизија на Босна и Херцеговина.

Оваа комисија, за разлика од првата истрага во која како причина беше наведена грешка на пилотот, после двегодишна истрага утврди и системски пропусти, кои индиректно довеле до несреќата.

Управата за цивилна и воздушно летање на Македонија не била стручно, кадровски и организационо оспособена, а исто така ниту секторот за авионски превоз и одржување на авионите при Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

– Воздухопловните власти со своите пропусти довеле до тоа да опадне нивото на безбедноста на целиот систем на цивилното воздухопловство во Република Македонија. Кај персоналот кој летал имало пропусти во системот за обука за посебни овластувања кои се запишуваат во дозволите за летање. Не посетувањето на задолжителните редовни годишни проверки на симулатор, како и честите прекини во континуитетот на летање, се одразиле на безбедноста и непосредно придонеле за несреќата, се вели во извештајот.

Како индиректни причини за несреќата, Комисијата ги наведува сложената метеоролошка ситуација и несигурното навигациско средство. Имено, основното и единствено средство за непрецизен приод на аеродромот во Мостар ДВОР/ДМЕ, кое е оценето како несигурно, на одредени позициии го губи сигналот заради конфигурацијата на теренот.

Во заклучоците на овој извештај не се споменува одговорност на СФОР, кој беше надлежен за целата состојба и функционирањето на Аеродромот во Мостар.

– Во тој контекст СФОР бил одговорен за контрола на летот, воспоставување и изработка на процедури и точни податоци за процедурите за приод. Исто така, системот за комуникации бил под надзор и организација на СФОР. Услугите за контрола на летовите ги давале воени контролори за летање од француската воздухопловна единица, кои не поседуваат цивилна дозвола за контрола на летови, се вели во извештајот.

Несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски и уште осум други од делегацијата се случи на 26. февруари 2004 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска