Во Неготино и Кавадарци одбележан Денот на народното востание

Од:

Во Неготино денеска беше одбележан Денот на востанието на македонскиот народ со положување цвеќе на бистите на загинатите првоборци.

За учеството на неготинчани во четиригодишната народноослободителна борба против тогашниот фашистички окупатор, говореше Петар Стефанов, секретар на Сојузот на борци од Неготино.

Тој потсети на првата жртва на фашизмот во Македонија, Диме Поп Атанасов, член на Месниот комитет на СКОЈ од Кавадарци, кој загинал во Дисанијата, неготинско.

– КПЈ за Неготино, СКОЈ и другите организирани облици, имале широко влијание и довреба меѓу населението кое било цврсто определено да се вклучи во вооружената борба и да ја помага. Како резултат на опсежните политички и воени подготовки, кон партизанскиот логор се упатила првата група партизани од Неготино, нагласи Стефанов.

Поголемиот дел од нив дома оставиле жени, деца, стари родители, фамилии на кои тие им биле единствени хранители.

Во темелот на слободата и новата држава, своите животи ги вградиле околу 160 борци и цивилни жртви од неготинскиот крај.

Со едноминутно молчење, им беше оддадена почит на сите загинати во Народноослободителната војна.

Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, празникот беше одбележан и во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Македонија останува на вистинската страна избирајќи го европскиот пат