Во недела Богојављение – Водици, владиката Тимотеј во Австралија

Од:

Годинешните кумови на манифестацијата Богојављение-Водици, српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и македонскиот бизнисмен Зоран Милески, ќе го примат кумството точно напладне во црквата „Св.Никола-Геракомија“.

Во Охрид е во тек пријавувањето за скокање по светиот крст во водите на Охридското Езеро.

-Украинец е првиот пријавен во списокот на лица кои годинава ќе скокнат по светиот крст во Охрид. Оваа година очекуваме да ја надминеме бројката 1.150 лица, која беше евидентирана во текот на минатата година. Сите оние кои се заинтересирани во текот на наредните два дена ќе може да се пријават во ресторанот „Света Софија“, каде ќе добијат пријава со која потоа на 19- ти јануари, во периодот од 7 до 9 часот ќе може да ја подигнат маичката во црквите , „Св. Никола- Геракомија“, „Св. Ѓоргија“, и „Св. Богородица –Каменско“- велат од здружението „Богојавление“.

Во текот на денешиот ден членовите нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид ќе извршат чистење на езерото во потегот на пристаништето, со цел да овозможат подобри услови за фрлање на светиот крст.

Прослава на празникот, почнува вечерва, со почеток во 20 часот на градскиот плоштад, каде концерт ќе одржи Каролина Гочева.

Во очи на манифестацијата, во понеделни, 19 јануари, надлежниот архиереј од Дебарско кичевската епархија, владиката Тимотеј, соопшти дека нема да го фрла светиот крст во водите на Охридското Езеро, членовите на здружението „Богојавление“ ги обвини за комерцијализација на црковната свеченост и личен профит и замина службено за Австралија. Од здружението се обидоа да ја смират топката, со изјави дека ќе најдат мегусебно разбирање со владиката, чиј лик – во поза како го фрла крстот, го истакнаа на големи билборди во Охрид.

Тие очекуваат над 30 илјади посетители во Охрид

Би можело да ве интересира

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи го фати светиот крст во Скопје

А1он