Во мал локал во тетовско Жеровјане работеле дури 13 странски државјанки

Од:

Ноќеска (05.03.2023) во Тетово и околината полициски службеници во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти и казина.

При контролата, во угостителски објект во село Жеровјане, се откриени 13 странски државјанки без соодветни документи, еден гостин странски државјанин со нерегулиран престој и две лица како обезбедување без лиценца за обезбедување.

Во угостителски објект на излезот од Тетово биле приведени И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација.

Во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара” во Тетово бил приведен 37-годишниот тетовец В.Н., кој се однесувал агресивно кон полициски службеници додека преземале службени дејствија.

Додека, во угостителски објект на улица „ЈНА” во Тетово бил приведен 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир. Во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Република Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина.

Против сите лица, кои направиле прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави. При контролата, исто така, од УЈП, ДПИ и ДИТ во повеќе објекти биле констатирани повеќе неправилности за што од нивна страна биле изречени соодветни санкции.

Би можело да ве интересира

Во ноќен клуб во Тетово откриени се осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите

Осум странски државјанки од Русија, Молдавија и Албанија приведени во ноќен клуб на патот Тетово – Скопје

Во локали во Тетово и Охрид полицијата откри 99 девојки

Поранешни танчерки ја тужат пејачката Лизо за малтретирање и омаловажување

Приведени три странски државјанки во гостиварско, работеле без дозвола

А1он

Приведени 26 танчерки кои работеле во угостителски објект во Тетово

А1он