Во мај ќе се организира 50. Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид

Од:

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.

Ова, како што соопшти владината прес-служба, е за првпат досега да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

– Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан, наведуваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски