Во локали во Тетово и Охрид полицијата откри 99 девојки

Од:

Полицијата, вчера, изврши претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, при што затекна 99 женски лица, кои престојувале спротивно на целта, дрога и пиштол.

При спроведените полициски и истражни дејства во трите угостителски објекти биле најдени вкупно 99 женски лица по потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и од Република Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдени се и една кеса со прашеста материја и еден пиштол „гамо“ во калибар од 4,5 мм.

Во угостителскиот објект, сопственост на И. И. (26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и од Косово, како и кеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А. Џ. (26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и од Северна Македонија, пронајден е и пиштол, а легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х. А. (34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и од Северна Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица, кои престојувале спротивно на целта, ќе се почне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Во ноќен клуб во Тетово откриени се осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите

Осум странски државјанки од Русија, Молдавија и Албанија приведени во ноќен клуб на патот Тетово – Скопје

Поранешни танчерки ја тужат пејачката Лизо за малтретирање и омаловажување

Во мал локал во тетовско Жеровјане работеле дури 13 странски државјанки

Горан Наумовски

Приведени три странски државјанки во гостиварско, работеле без дозвола

А1он

Приведени 26 танчерки кои работеле во угостителски објект во Тетово

А1он