Во Куманово се одржа натпреварот „Детски семафор“

Од:

Во организација на Општинскиот совет за безбедност и сообраќај на патишта и СВР Куманово денеска се оддржа традиционалната манифестација „Детски семафор“. На годинашниов натпревар учествуваа екипи од петнаесет основни училишта од три општини-Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

– Првопласираните три екипи ќе добијат дипломи за освоени места и ќе имаат право на учество на регионалниот натпревар што годинава ќе се оддржи на деветти мај во Липково, меѓу ученици од општините Куманово, Кратово и Крива Паланка, информира раководителот на отсекот за превенција од СВР Куманово, Виолета Богдановска.

Дипломи ќе им бидат поделени и на најдобрите поединци во две категории, прва група од помала возраст и група која ги опфаќа поголемите ученици.

Општинскиот натпревар се оддржа во основното училиште „Толи Зордумис“. Директорот на училиштето Бобан Ѓорѓиевски објасни дека натпреварот има два дела, вешто возење на велосипед, но и теоретски дел кој опфаќа тестови.

Звонко Димитријевски, секретар на Општинскиот совет за безбедност истакна дека учеството на полицијата помага овој натпревар да добие на тежина и да биде регуларен.

– Посебна комисија оценува вешто возење, а друга ги оценува тестовите, потенцира Димитријевски.

Организаторите информираат дека секоја година регионалниот натпревар се оддржува на различни места. Минатата година се одржа во Старо Нагоричане, а годинава во Липково. Најдобрите од регионалниот ќе учествуваат на државниот натпревар што годинава ќе се одржи на 25 мај во Скопје.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование