Во крводарителска акција во Кавадарци собрани 34 крвни единици

Од:

Триесет и четири крвни единици беа собрани во доброволната крводарителска акција која денеска се одржа во просториите на полициската станица од општа надлежност во Кавадарци.

– Акцијата беше организирана од страна на Општинската организација на Црвен крст и Министерството за внатрешни работи. Крв даруваа полицајците, но и граничните полицајци од регионалниот центар за гранични работи Југ, со седиште во Кавадарци, информира Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Каракулев потсети дека крводарителски акции во полициската станица се организираат два пати во годината. Како што нагласи, тие се секогаш масовно посетени од припадниците на полицијата.

– Кавадарци е секогаш на врвот во државата по доброволното дарување на крв што живот значи, додаде Каракулев.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ