Во втората по ред крводарителска акција за оваа година која денеска беше организирана во Кавадарци за 5 часа се собрани 24 крвни единици.
Во организација на кавадаречкиот Црвен крст, акцијата за доброволно крводарување ја спроведе екипа на Службата за трансфузиона медицина во големата сала на општинското Собрание.
– Станува збор за традиционална јануарска крводарителска акција. Очекуваме и годинава да ни биде успешна како и лани кога го постигнавме рекордот во доброволни крводарувања од 1.930 единици крв. Ланскиот план го остваривме со 163 проценти. За годинава ни се планирани 1.195 крвни единици, но сигурни сме дека ќе обезбедиме повеќе, имајќи во предвид дека кавадарчани и росоманчани се хумани и се на врвот по крводарувања во државата, нагласи Розе Илова, секретар во општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.