Во Кривогаштани промовиран проектот за енергетски ефикасна фасада на ОУ „Манчу Матак“

Од:

Во основното училиште „Манчу Матак“ во општина Кривогаштани, во кое настава следат 314 ученици, денеска во присуство на директорот на мисијата на УСАИД Џејмс Стајн и на заменик министерот за образование Спиро Ристески беше промовиран проектот за енергетски ефикасна фасада на училиштето и системот за парно греење.

Сопоред директорот на УСАИД Џејмс Стајн, овој проект е дел од програмата на УСАИД за климатските промени со кои се финансираат ваквите зафати во партнерски односи со општините .

– Задоволен сум како е спроведен проектот во училиштето. Ќе помагаме во секој проект кој ќе ги подобри условите за живот на населението. Ова е дел од програмата за адаптирање на климатските промени, изјави Стајн.

Целата инвестија е 120 илјади американски долари, од кои 100 илјади долари се вложени од УСАИД, а 20 илјади американски долари се на општина Кривогаштани.

Според градоначаклникот на Кривогаштани Тони Заткоски, бенефитите се во заштедата на енергијата.

– Со новата фасада и системот за греење во училиштето се заштедува околу 30 отсто од енергијата и секако во трошоците за одржување. Со ваквата програма на УСАИД опфатени се четири европски општини. Догодина во план е ваков проект и за ОУ „ Јонче Смугрески“ во населеното место Обршани, изјави Заткоски.

Заменик министерот за образование Ристески е задоволен од партнерската соработка со УСАИД и најавуваа нејзино продолжување.

– Владата и министерството за образование ќе продолжи со партнерскиот однос со програмата на УСАИД во ваквиот тип проекти. Во наредниот период училиштето ќе добие и спортска сала од владиниот проект „140 спортски сали во училиштата во македонија, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија