Во Кочани отворена Етно куќа – градски музеј

Од:

Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски денеска свечено ја отвори Етно куќата, која за општината треба да претставува неформален градски музеј.

Објектот од културата, чиј архитект е Александар Гицов, е вреден 250.000 евра, а средствата се обезбедени од претпристапните фондови на ЕУ. Партнер на Општина Кочани во реализацијата на овој проект е бугарската општина Рила.

„Влегуваме во фаза кога е потребно собирање на сите музејски и етнолошки експонати автентични за овој крај, кои треба да се сместат во Етно куќата, која е лоцирана во близината на ОУ „Раде Кратовче“, изјави градоначалникот Димитровски.

Би можело да ве интересира

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг