Во Кавадарци вакцина против сезонски груп примиле 810 граѓани

Од:

Во Центарот за јавно здравје во Кавадарци оваа сезона досега се регистрирани 15 случаи на заболени од грип, информираше денеска доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.

– Вакцина против сезонски грип примија 810 граѓани, бројката е поголема од ланската која изнесуваше 665. Заболените од сезонски грип се пациенти на возраст од 15 до 64 години,изјави Јовановски.

Тој нагласи дека најуспешна мерка или превентивна мерка за стекнување на имунитет кон сезонскиот грип како заразно заболување е токму вакцината и затоа таа се препорачува за сите ризични групи кои се изложени на заразување.

Би можело да ве интересира

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип