Во Кавадарци и Росоман сезонава 2.828 заболени од грип

Од:

Во подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Кавадарци сезонава се регистрирани 2.828 грипозни пациенти од кавадаречката и росоманската општина.

Епидемиологот Ристе Јовановски денеска информираше дека оваа бројка е многу поголема од истиот период минатата година, кога биле евидентирани само 43 заболени од грип.

– Но, тоа се должи на фактот што сезоната на грип овојпат започна неколку седмици порано, појасни Јовановски и додаде дека последнава седмица се пријавени 137 новозаболени.

Нагласи дека сепак бројката на грипозни се намалува кај сите возрасни групи. – За тоа говори и фактот што во една од минатите седмици, заболените од сезонски грип ја достигнаа и бројката од 1.024, додаде Јовановски.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип