Во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, за девет месеци произведени се вкупно 544 милиони киловат часови електрична енегија.
Оствареното производство е за 40 отсто поголемо од годишниот план на производство, што е резултат на исклучително поволната хидрологија, посебно во првата половина на годинава, како и подготвеноста на електромашинската опрема.
– Во ХЕ„Шпиље“ произведени се 335 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 311 отсто повеќе споредено со истиот период лани и 81 отсто повеќе од планираното за овој период од годината. Во ХЕ„Глобочица“ произведени се 209 милиони киловат часови што е за 308 отсто поголемо производство во однос истиот период лани и е 91 отсто повеќе од планираното за овој период од годинава. Во двете електрани производството е 40 отсто над годишниот план, потврдуваат за МИА надлежните во ЕЛЕМ.
Во двете хоидроелектрани годишниот план на производство беше реализиран заклучно со месец мај.
– Како резултат на позитивните показатели, оправдано се очекува годинава ХЕС„Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија, од околу 640 милиони киловат часови електрична енергија. Гледано одделено во „Шпилје“ очекуваме производство од 394 милиони и во „Глобочица“ 244 милиони киловат часови, додаваат од ЕЛЕМ.
Момененто во акумулацијата „Шпиље“ има резерва на вода за производство на 23 додека во ХЕ„Глобочица“ за околу 20 милиони киловат часови електрична енергија.