Во Градско собрани над 60 крвни единици

Од:

Повеќе од 60 крвни единици се собрани во акцијата за доброволно дарување крв меѓу жителите на општина Градско, а која денеска заеднички ја организираа Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Лилјана Пановска од Општинската организација на Црвениот крст од Велес изјави дека акцијата во Градско е втора по ред годинава и ја оценуваат како мошне успешна.

– Крводарителите од Градско и овојпат ја докажаа својата хуманост на дело, а имаше и млади кои првпат даруваа крв. Посебно сме им благодарни за нивната хуманост да спасат нечиј живот во опасност, потенцира Пановска.

Сите собрани крвни единици ќе бидат однесени во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а од таму распределени за потребите на клиниките во Скопје и болниците низ државата.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ