Во Гостивар комеморативен собир и едно минутен молк за загинатите во несреќата во Кочани

Од:

Претставници на локалната самоуправа, пратеници, членови на општинскиот совет ученици и граѓани на комеморативен собир на градскиот плоштад во Гостивар искажаа почит и сочувство на семејства на настраданите во кочанската трагедија. Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани во име на администрацијата и гостиварци искажа жалење за трагичниот настан.

Се собравме тука, гостиварци, да одадеме пред сè почит, но и да се солидаризираме со сите семејства кои ги изгубија своите најблиски во овој трагичен настан. Во исто време да им испратиме и пораки на сите оние кои се засегнати и се лекуваат во болниците што побрзо да закрепнат и да се надеваме дека нема да има други жртви во овој немил настан, рече градоначалникот Лимани.

Присутните со едно минутно молчење оддадоа почит кон жртвите и покрај табла со натпис беа положено цвеќе.

Дел од учесниците на собирот држеа и транспаренти на кои имаше пораки со жалење и поддршка за семејствата засегнати од трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо