Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот христијански празник Водици

Од:

И оваа година во чест на долгогодишната традиција се одржа црковно-народната манифестација-Богојавление Водици. Се верува дека оној кој ќе го фати Светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Компанијата ЗЕГИН и оваа година, во духот на хуманоста и сплотеноста ја поддржа централната манифестација во Скопје, но и останатите манифестации ширум земјата и обезбеди награди за сите учесници, дарувајќи 65 вредносни ваучери од по 14.000 денари за сите најсреќни кои го фатија светиот крст.

Со тоа ЗЕГИН уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и општеството.

Би можело да ве интересира

„Зегин“ со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер

Совети за здраво и долго лето

Компанијата ЗЕГИН ги обедини граѓаните во хуманитарна трка

ЗЕГИН го прославува 35-тиот роденден со голема хуманитарна трка

Здравата уста е здраво тело

Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид