Во Делчево решени 30 проценти од барањата за легализација

Од:

Во Одделението за урбанизам во Општина Делчево поднесени се вкупно 3.277 барања за легализација на дивоградби од кои се решени 30 проценти, 25 се одбиени, а за 3 се води судска постапка. Како што истакна раководителот на Одделението, Горан Петровски, Одделението работи на сите предмети кои имаат уредна документација и се доставени до 31 декември 2016 година.

– Можам да кажам дека на 289 барања се чека на урбанистичка согласност и за нив е извршен увид на теренот. Додека во моментов не можам да кажам колку од поднесените барања немаат соодветен геодетски елаборат, а очекуваме надлежните да се произнесат по иницијативите за продолжување на рокот за достава на елаборатите, рече Петровски.

Тој додаде дека со овие законски одредби на кои во изминатиов период се работеше, не се опфатени сите објекти, но сепак, се решава значаен дел од дивоградбите со што ќе можат граѓаните да добијат една официјализација на објектот и да го напишат во имотниот лист.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он