Во Делчево одбележана 74-годишнината од Февруарскиот поход

Од:

Планинарски друштва од Делчево и Кочани, заедно со претставници на десетина институции и здруженија на граѓани од Делчево денеска учествуваат на планинарскиот марш на планината Голак кој е организиран по повод 74-годишнината од Февруарскиот поход.

Традиционално, организацијата на настанот е на општина Делчево, а одбележувањето започна утрово со планинарски марш до Голак во должина од 12 километри по што се положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход поставена на планината Голак.

За градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој е покровител на настанот, одбележувањето на значајните датуми од нашата историја претставува обврска која треба достојно да се почитува,

– Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто. Ова нѐ убврзува денеска да се потсетиме на жртвите и на заложбите на нашите предци и да продолжиме да го градиме денешното општество во слободна Македонија. Делчево со гордост го одбележува овој значаен ден од нашата историја, а мене ме радува фактот што денеска на овој настан има стотина учесници, а 60-ина планинари успешно го поминаа патот до планината Голак, рече Трајковски.

Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово бил дел од рутата на Третата борбена единица која заедно со Главниот штаб требало да стигне за десетина дена во Источна Македонија со што започнале борбените операции од пошироки размери на макеоднската партизанска војска познати како Февруариски поход, потенцираше Ванчо Новоселски истпоричар и советник во Општина Делчево.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он