Во Делчево обука за спроведување на Акциските планови за Ромите

Од:

Во Делчево се одржува дводневна обука на членовите на локалното координативно тело за имплементација на Акциските планови за Ромите на Општина Делчево и на Стратегијата за Ромите 2014-2020.

Обуката е во организација на Општина Делчево, Асоцијацијата-Иницијатива за социјална промена и Ромска акција која е дел од Регионалниот совет за соработка од Сараево.

Џулиета Мемедова, локален координатор од Општина Делчево и референт за односи со малцински заедници, истакна дека членовите на Локалните координативни тела имаат потреба од обуки за да подготвуваат стратешки програми и да ги искористат парите од донаторите за да го подобрат животот на Ромите.

– Целта на денешната работилница е зајакнување на капацитети на членовите на овие тела во четири области на делување, стратешко планирање, генерирање фондови, мониторинг и евалуација и партиципативно буџетирање. Ова е прва обука за да се запознат со политиките за Ромите со единствена цел да се најдат начини за генерирање фондови, за да може општината заедно со донаторите да дадат голем придонес во имплементацијата на сите активности ставени во 4-те области поврзани со Стратегијата за Ромите, домување, вработување, здравство и образование, рече Мемедова.

Локалните координативи тела се дел од единиците на Локалната самоуправа во општините каде што живеат Роми, а се составени од 7 стручни членови од неколку институции.

– Бидејќи во одредени општини псотојат недостатоци, или нема соработка меѓу институциите или има преклопување на ингеренции, согласно со Националната стратегијата за Ромите беше предвидено формирање на локални координативни тела, па во таа смисла Ептиса и Министерството за труд и социјална политика ги формираше. Овој проект е надоврзување на активностите за поддршка на имплементацијата на Нацоналната стратегија и е во насока на јакнење на капацитетите на овие тела, поаѓајќи од нивните надлежности според Стратегијата, рече Гордана Несторова, обучувач од ИНСОК.

Вакви обуки се спроведуваат во 12 општини во државава.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија