Во Делчево ќе се чисти депонијата кај комплексот „Св.Богородица Балаклија“

Од:

Општина Делчево се вклучува во светската еколошка акција за чистење на расфрланиот отпад. Акцијата ќе се организира в сабота кога се одбележува Светскиот ден на чистењето, а во неа ќе се вклучат вработените во локалната самоуправа, јавните институции, училиштата, граѓанскиот скетор, но и граѓани кои сакаат чиста животна средина.

Како што информираа од општината во рамки на акцијата во Делчево ќе се чисти дивата депонија кај манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.

– И покрај напорите на јавното претпријатие несовесни граѓани константо фрлаат ѓубре на спомената депонија и затоа целта е овој пат целосно да ја исчистиме, волонтерски без употреба на машини, со што се надеваме дека несовесните грѓани нема повторно да ја доведат во сотојба во која е сега. Во рамки на планираната акција, чистење е предвидено и на уште неколку локации во градот Делчево, информираат од општината.

Светскиот ден на чистење во Делчево ќе се спроведе во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево