Во Делчево до јуни исплатени 123.000 денари парична поддршка за новореденчиња

Од:

Општина Делчево во петте месеци од оваа година вкупно исплатила 123 илјади денари по програмата за поддршка на родителите кои во тековната година имаат новородено дете. Како што истакна Сузана Петровска, раководител на Одделението јавни дејности, заклучно со крајот на мај оваа година, правото за паричен надомест за новороденче, во износ од 3.000 денари, го искористила вкупно 41 мајка.

– Исплатени се онолку средства колку што има поднeсено и барање за користење на овој надомест, кој oпштина Делчево го доделува веќе 7 години, се со цел да го стимулира наталитетот на жителите на општината и да го подобри семејниот буџет на младите родители. За оваа намена од bуџетот на општина Делчево за 2017 година се исплатени вкупно 123.000 денари плус персонален данок, истакна Петровска.

Таа додаде дека овие средства се исплаќаат редовно, а од 2013 досега се исплатени вкупно 1,4 милиони денари.

– Во 2013 година за 109 новородени се исплатени вкупно 327 илајди денари, за 2014 по поднесени 105 барања исплатени се 315 илјади, во 2015 година исплатени се 327 илјади денари по поднесени 109 барања, додека во 2016 година за поднесени 119 барања се исплатени 357 илјади денари, рече Петровска.

Таа потенцираше дека општина Делчево на секое прво новородено дете во годината исплаќа по 10 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија