Во Центар, Ѓорче Петров, Струга и Долнени денеска се гласа

Од:

Во општините Центар, Ѓорче Петров и Струга, на веќе познатите избирачки места денеска ќе има прегласување за градоначалник, додека во Долнени, пак, се одржува вториот круг од локалните избори.
Гласањето утре ќе почне во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Вториот круг од петтите локални избори ќе се повтори на 29 избирачки места во Центар, во девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров.

Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Вкупниот број гласачи на избирачките места во Центар, според избирачкиот список, изнесува 22.939. Во деветте избирачки места во Струга треба да гласаат 7.885 граѓани, додека во Ѓорче Петров запишани во избирачкиот список се 1.320 граѓани со право на глас.

Во Долнени, каде ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори, во избирачкиот список се запишани 10.521 избирач.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада