А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бундестагот бара Македонија што побрзо да формира влада

by А1он29/03/2017 - 19:1630/03/2017 - 09:14279
Share0

Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент денеска по информацијата подготвена од Министерството за надворешни работи на Германија расправала за состојбата на Западниот Балкан со посебен акцент на состојбата во Босна и Херцеговина и во Македонија.

Добивај вести на вибер

На редовната седница на Комисијата во која учествуваат 34 пратеници од сите парламентарни партии ЦДУ/ЦСУ (17 членови), СПД (11), Зелените“ (3) и „Линке“ (3), покрај за состојбата во ЕУ по започнувањето на процесот на заминување на Велика Британија од унијата и за кризата во Босна Херцеговина се разговарало и за ситуацијата во Македонија.

Извори во Комисијата велат дека дел од пратениците на седницата од Министерството за надворешни работи на Германија кое презентирало анализа за состојбата во земјата побарале да се обрне повеќе внимание на Македонија затоа што постои опасност политичката нестабилност да се продлабочи и да се претвори во меѓуетничка криза.

Според изворите на МИА, меѓу членовите на Комисијата, едногласно е заклучено дека има потреба Македонија да добие функционална влада во најскоро време не само за надминување на политичката криза туку и за да не се нарушува економската состојба.

Дел од пратениците оцениле дека Македонија не е доволно силна економски да си дозволи подолг период да нема целосно функционални владини институции.

Голем дел од членовите на Комисијата се согласни дека поради сложеноста на состојбите потребна е помош од надвор, но не со цел да се изврши притисок на некоја од политичките партии туку за да се помогне во процесот на медијација, сите фактори да дојдат на заедничка маса и при тоа да се почитуваат резултатите од изборите.

Помеѓу пратениците се развила дебата за виновникот за кризата во земјава. Левичарските партии, пред се, Социјалдемократите и „Левицата“ како главен виновник за кризата ја посочиле партијата ВМРО-ДПМНЕ, додека десничарските партии застанале во одбрана.

Комисијата немала забелешки за анализата за состојбите во Македонија подготвена од германската дипломатија и смета дека сите политички фактори треба да седнат да разговараат аргументирано за да најдат решение за кризата без притоа да искажуваат осуда за своите политички противници.

bundestaggermanija

Би можело да ве интересира

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 20:57

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:25

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он22/12/2025 - 18:19

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица

Горан Наумовски14/12/2025 - 21:21

Мерц: САД агресивно ги следат своите интереси, Германија мора да ги следи своите

Горан Наумовски13/12/2025 - 21:30

Инцидент во Германија: Мајка и четири деца се тешко ранети, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски13/12/2025 - 20:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен