Во болниците во земјава се лекуваат 1.292 пациенти од КОВИД-19

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 113, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица лежат 95 пацинети, во Кочани 24, во Кичево 17, Кавадарци 41, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Би можело да ве интересира

Седница на Главниот штаб за управување со кризи, донесен Акциски план

Катерина Ѓуровски