Во Битола се одржа манифестацијата „Отворен ден“ на Универзитетот „Св.Климент Охридски“

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ денеска во Битола ја одржа манифестацијата „Отворен ден“ на која својата академска понуда ја претставија сите високообразовни институции од овој Универзитет.

Манифестацијата, нагласи ректорот Златко Жоглев, ќе биде традиционална бидејќи се потврдува дека тоа е начинот како Универзитетот може да биде поблизок до идните студенти.

– Годинава имаме и нови студиски програми, адаптирани според барањата на пазарот и барањата на нашите клиенти. Тое е резултат на истражувањата што ги правиме во соработка со ресорното министерство за да може новите студиски програми да бидат реални, посочи ректорот Жоглев.

Манифестацијата „Отворен ден“ што ја организираше Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ја поддржа градоначалникот Владимир Талески кој најави директна соработка со високообразовнитеинстируции.

– Ова е добар начин да се создаваат општествени вредности. Младите треба да ги насочуваме, затоа што влогот во едукација, образование, и специјализирање е начин младите да се задржат во градот, а ние ќе продолжиме со создавање услови за нови работни места и нивно вработување, истакна Талески.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола годинава ќе овозможи да се запишат 4.160 студенти, од нив 2.520 редовни студенти во државна квота, 1.110 редовни студенти со кофинансирање во студиите и 530 вонредни студенти.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ