Во Белград почина новинарот и публицист Ристо Кузмановски

Од:

По кратко боледување, во Белград, во 81. година од животот, почина Ристо Кузмановски, истакнат македонски новинар и публицист и долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ од Белград.

Кузмановски е роден 1932 година во Охрид, а во 1951 година ги почнува студиите на факултетот за Историја на уметноста. Од 1954 до пензионирањето е постојан дописник на „Нова Македонија“.

Во периодот од неколку децении остварува импресивна дописничка активност. Паралелно, како голем познавач на охридската ризница, објавува неколку значајни публицистички трудови.

Во текот на својата повеќедецениска новинарска и публицистичка дејност Кузмановски е добитник на повеќе професионални и општествени признанија и награди.

Ристо Кузмановски ќе биде погребан денеска во Белград.

Би можело да ве интересира

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија