Во бегство е 36-годишникот кој се обиде да го убие градонаалникот на Арачиново

Од:

Јавното обвинителство почна истражна постапка за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново.

Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во неговата непосредна близина.

Со оглед на тоа што осомничениот од извршување на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Воедно, до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Изгоре „голф“ во Арачиново, нема повредени

ВИДЕО: МВР објави детали за акцијата во Арачиново, пронајден арсенал оружје

Катерина Ѓуровски

Пронајдено автоматско оружје во Арачиново, продолжува акцијата на полицијата

ВИДЕО: Едниот од браќата осомничени за убиството во Арачиново е во притвор, другиот е во бегство

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

А1он

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново