Во „Бања Банско“ пилот проект за „Работна рехабилитација“

Од:

Во Завод за рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица, започна реализацијата на петнеделниот пилот проект за „Професионална работна рехабилитација“ спроведен од Организацијата за образование и професионална рехабилитација (ББРЗ) од Австрија, а финансиран од австриското Министерство за труд и социјална политика.

На обуките, што почнаа од денеска опфатени се 23 учесници, професионален кадар од Заводот, но и од организацијата „Порака“ од Кавадарци, кои треба да се запознаат со австрискиот модел.

– Во овие пет недели ќе видиме кои се нивните интереси, што би сакале да работат, што работат, кои се нивните силни страни, но и ограничувања, односно она што не би можеле да го сработат. Како резултат на тоа, на крајот треба да направиме план за рехабилитација за можно идно работно ангажирање на лицата со инвалидност или попреченост, рече Ингрид Памер од ББРЗ, Австрија.

Памер, додаде дека во Австрија пред 27 години имало само 17 вработени на нивната локација, а денес има повеќе од 200 професионални рехабилитатори, а целата организација брои околу 2 илајди лица.

– Зборот „инклузија“ кој е многу популарен во Европа, не е само флоскула, туку многу важен концепт. Бидејќи ниедно општество не може да си дозволи да ги институционализира овие лица и да ги затвори, зошто финансискиот трошок е многу голем. Најважно е лицата да бидат професионално подготвени и обучени да се вклучат во општеството, да се вработат, да станат даночни обврзници, со што многукратно ќе се намалат трошоците на државата. Од друга страна многу истражувања ја потврдија тесната врска меѓу здравјето и општествената корисност на лицата со хендикеп, додаде Памер.

Од Заводот „Бања Банско“ велат дека се дел и од двата проекти кои се финансирани преку УНДП и австриското Минситерство за труд и социјална политика, „Лични асистенти“ и „Работна рехабилитација“.

– Ние имаме досега неколку законски измени со кои се овозможува инклузија на лицата со инвалидност или попреченост. Еден од нив е вработување за нив во државните институции. Ние имаме веќе неколку вработени наши корисници. Оваа обука сметам дека ќе е импулс за приватниот сектор да прифати и да вработи дел од овие лица, рече директорот на Завод за рехабилитација „Бања Банско“, Драги Аљоков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Доделување сертификати за работно–ориентирана рехабилитација

Ана Ололовска