А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-НП: Со влегувањето на капиталот на Субрата Рој, директно се нарушуваат меѓународните принципи

by А1он20/07/2013 - 12:07218
Share0

Со влегувањето на капиталот на бизнисменот Субрата Рој во Р.Македонија директно се нарушуваат неколку меѓународни принципи и стандарди од областа на организираниот криминал, тврдат од ВМРО-Народна партија.

Добивај вести на вибер

Оттаму преку соопштение изразија загрижрност бидејќи никаде во светот нема политички средби на премиер, претседател на држава и министер за финансии со бизнисмен за кој во неговата матична држава се водат неколку видови на истраги за финансиски малверзации и чии сметки и имот се замрзнати од Врховниот суд во матичната држава, и истиот суд согласно меѓународно ратификуваните договори бара неговите сметки да бидат замрзнати во странски земји.

ВМРО-НП јавно прашува дали државниот врв на Р.Македонија е свесен за последиците од пресудата на Врховниот суд на Индија и дека истата таа пресуда е правно обврзувачка и за Р.Македонија? Дали тоа не значи дека највисоките државни функционери на овој начин се вклучуваат во меѓународен случај за перење пари? Значи ли тоа дека владата на Р.Македонија со полна свест прифаќа да работи со оф-шор компаниите на Субрата Рој, со тотално непознати титулари на сопственоста и уште понепознато потекло на парите?

– Како што и е познато на македонската јавност ВМРО-НП повеќе години се залага за проектот амнестија на капиталот во Р.Македонија, максимална финансиска либерализација и законодавство кое соодветсвува со законодавствата на оф-шор државите. Но, ова наше залагање значи системски и законски промени кои ќе важат еднакво за сите, а не само за неколкумина привилегирани избраници на власта. Дали владата на Р.Македонија разбира дека со овој специјален и привилегиран однос кон Субрата Рој ги нарушува и крши сите свои принципи за кои очигледно само декларативно се бори изминативе седум години? – се вели во соопштението на ВМРО-НП.

npsubrata roj

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска24/05/2017 - 14:4026/05/2017 - 13:08

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска29/10/2016 - 16:1929/10/2016 - 16:19

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ17/10/2016 - 13:2817/10/2016 - 13:48

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ22/09/2016 - 15:01

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ07/08/2016 - 11:50

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ23/07/2016 - 10:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен