ВМРО-ДПМНЕ: Заев е вплеткан во уцените и изнудувањето на милионски износи

Од:

Европа да реагира за криминалната реалност што се случува во Македонија, порача претседателката на асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Директорот на меѓународниот републикански институт Пол Мекарти за Гласот на Америка во врска со аферата „Рекет” изјави дека е многу е
загрижувачки тоа што се случува, а истрагата да оди до крај.

Најзагрижени се граѓаните во Македонија кои се плашат што може ним да им се случи , кога најбрутално биле рекетирани познати бизнисмени. Граѓаните се исплашени бидејќи гледаат дека нема правда во Македонија.

Реакциите не стивнуваат ниту од регионот, ниту од страна на европските партнери на Македонија и од целокупната меѓународната заедница.
Правото кое го практикуваат правосудните органи требаше да доаѓа од идејата за правда, но во Македонија правдата се сведе на идеите за криминал и рекетарско мафијашките банди на власта.

Зборено било со Заев и тој знае се! Фатен е жив, како е вплеткан во уцените и изнудувањето на милионски износи. Доволен е фактот што најгласните говорници кои го подржуваа Заев одеднаш му го свртеа грбот и го нарекоа корумпиран. На сите им е јасно дека со овие луѓе од власта правдата е само мислена именка.

Уште поскандалозни се обидите за манипулација на јавноста и своевидните правдања на Заев. Лажно се колнеше во македонштината, лажеше за името, а се правдаше и со црквата кога бараше едно евро за Вицето, за сега да ги правда своите состаноци со Боки Тредичи со наводни хуманитарни проекти. Лицемерно е да бараш правда кога вршиш трговија со истата. Нема човек во Македонија кој што сеуште му верува на Зоран Заев и функционерите од власта.

Прашањата што се поставуваат се што чекаат институциите и Јавното обвинителство после вакви скандали од невиден размер? Зошто Русковска ги амнестираше и ги заштити Заев и Јанева и криминалниот октопод со непроширување на истрагата кон нив?

Големи лаги беа ветувањата за европските вредности и претпоставената демократија што ја донесе СДСМ. Куфер криминалната политика на Заев нема никогаш да не донесе во Европската унија, затоа што јасно е кој стои на врвот на пирамидата, и јасно е кој ја уништи правната држава за сопствениот џеб.

На Заев не му останува ништо друго освен да си поднесе оставка и да си замине од власта. Злосторничкото здружување за рекетарско- политичко-обвинителскиот октопод не смее да се дозволи да остане неказнето. Истекува времето на криминалната реалност во Македонија, одговорност мора да има и ќе има.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Предвремени избори и усвојување на предлозите на партијата за економијата бара Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ