ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев младиот живот изгубен на пешачки вреди две години

Од:

„Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја пора на општественото живеење, воспоставувајќи нов систем на криминал и корупција. Како еден од секторите кој најмногу настрадал од ова седум годишно владеење се судството. Седум години по ред судии и обвинители, како на кастинг, се бираа во Струмица, директно од Зоран Заев. Сега истите тие луѓе на Заев сместени во судско обвинителските фотелји делат неправда или пак истата ја распродаваат“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „ова правосудство со луѓето на Заев е отворено, баш како неговите најавени пупки. Најнови во низата кои го потврдуваат ова се членовите на Судскиот совет. Тие пред некој ден заседаваа и донесоа одлука со која што оправдуваат одлука на судија, кој донел пресуда од две години затвор за возач кој усмртил млада девојка која прописно поминувала на пешачки“.

„Ова расцветано судство по примерот на пупките на Заев влева недоверба и ја убива надежта кај граѓаните дека е можна правда во Македонија, затоа што за нив одземен млад живот на пешачки премин вреди само две години затвор, а за украдени ќебапи пресудува пет години. Токму ваквите непромислени и од јавноста неоправдани постапки одлуки на членовите на Судски совет, беа причината поради која на нив им беше изгласана недоверба од пратениците во македонското Собрание. Сите овие членови во Судскиот совет се луѓе на Заев кои се бирани во време на владеењето на СДС и ДУИ. И истите овие, наместо да поднесат оставки по изгласаните интерпелации, тие продолжуваат да делат и да оправдуваат неправдата, газат врз правдата и со тоа ја уриваат и уништуваат државата“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски