А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Толку од европските вредности на ДУИ и СДС- не сакаат да ја прифатат преамбулата со хрватскиот модел која е земја членка на ЕУ

by А1он05/04/2023 - 08:55479
Share0

„Власта на ДУИ и СДС го покажаа своето лицемерие на дело. Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, за сега никаде да ги нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Наместо криење по канцеларии, како што тоа го прави власта, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажува дека хрватскиот модел, таков каков што е, да се преслика во уставот на Република Македонија.

Молкот на власта на Ковачевски покажува дека тие не се спремни една таква европска преамбула да ја прифатат, туку сакаат повторно да прават егзибиции.
Егзибициите на СДС и ДУИ веќе му се преку глава на народот.

Граѓаните гледаат дека не си имаат работа со европски политичари во власта, туку само со кариеристи кои заради личен интерес се подготвени да направат се само да се задржат некој ден повеќе во фотелја.

Следете a1on на Youtube YouTube

Овие луѓе, на чело со Ковачевски немаат ниту европски вредности, ниту имаат национално и државничко чувство. Тие се купи ден политичари, кои тргуваат со националните интереси.

Последната реторика која ја имаа со предлагање на хрватскиот модел на преамбула, од која потоа самите ретерираа, само ја покажува нивната кусогледост и хипокризија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео